Боли глава: Солскјер без десет играчи против Кристал палас?

Манчестер Јунајтед го издржа пеколниот февруари на резултатски план, губејќи само еден натпревар, оној во Лигата на шампионите од ПСЖ (0-2). Сепак, серијата тешки натпревари сериозно се одрази врз здравствениот билтен на тимот, па така Оле Гунар Солсјкер се соочува со неверојатни проблеми во пресрет на утрешниот дуел со Кристал Палас, на кој „ѓаволите“ би можеле да бидат без помошта на десет фудбалери.

Андер Ерера, Хуан Мата и Џеси Лингард се повредија во првото полувреме од дуелот со Ливерпул и дефинитивно се „во аут“ за Палас, заедно со Марсијал, Матиќ и Џонс, кои воопшто не настапија на неделното дерби со „црвените“. Антонио Валенсија и Матео Дармијан веќе подолго време се повредени, а неизвесно е дали во тимот ќе се појави Маркус Рашфорд, кој се жалеше на болка на скочниот зглоб против Ливерпул.

Без оглед на сите овие проблеим, Солскјер останува оптимист во пресрет на утрешната средба.

„Во секој случај ќе имам добар тим на теренот, шанса ќе добијат оние кои поретко играле, но тоа се добри фудбалери кои ќе ни бидат од голема помош во овој период“ – истакна стратегот на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...