Болидите во Ф1 од 2021 година ќе изгледаат спектакуларно (ФОТО)

Формула 1 во следните неколку години, освен сигурноста и перформансите, сака да го подобри и визиуелниот ефект на своите болиди.

Поради тоа објави нова студија во која веќе од 2021 година болидите би изгледале спектакуларно. Освен самиот визуелен впечаток новите болиди ќе имаат и неспоредливо подобри аеродинамични својства за што потврди и шефот на Формула 1, Рос Браун.

„Додека ја работевме оваа студија примарна задача беше да се направат болидите што подобри на патеката. Под тоа мислиме на ситуацијата кога болидите се еден зад друг. Кога возачот е една или две должини зад оној пред себе со денешните возила губи околу 50% од ‘даунфорс силата’. Истражуваме зошто тоа се случува и сакаме тоа да го унапредиме, па може да кажам дека таа задача ја решивме во околу 80%. Втората задача ни е болидите повторно да изгледаат спектакуларно. Сакаме да изгледаат подобро од оние на видеоигрите“ – вели Браун.

Се вчитува...