Болидот на Ферари под истрага на ФИА

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) го испитува болидот на Ферари за незаконски решенија. По првите три трки во Ф1 шампионатот, Ферари е на лидерската позиција. Но, токму кога избија на врвот, се појавија сомнежи дека „Скудеријата“ ја нарушува забраната за пренасочување на издувните гасови на задното крило на болидот.

Шпанскиот весник „Марка“ објави дека сомнежите за нерегуларност на болидите на Ферари се појавиле на трката за ГН на Кина, бидејќи тие  на свиоците „звучеле поинаку“, по што е активирана техничката контрола на ФИА. Постои сомневање дека SF71H користи специјално „мапирање на моторот“ со кое издувните гасови се пренасочуваат на задното крило на болидот што не е дозволено.

Претходно, сомнежи за вакво недозволено пренасочување на издувните гасови кон задното крило, имаше и кај болидот на Рено.

Истрагата на „мапите“ на моторот на Ферари во ФИА му е доделена на поранешниот дизајнер во италијанскиот тим, Николас Томбазис.

„Не дозволуваме „мапи“ на моторот кои се направени за да го зголемат протокот на издувни гасови посебно во свиоците. За да биде дозволено ракво решение, картичката на моторот треба практично да ја зголемува продуктивноста на самиот мотор“ – изјави Томбазис.

Во истрагата на болидот на Ферари вниманието е насочено и на дополнителната оска на воланот на Фетел.

Се вчитува...