Болоња е хит на сезоната во Серија А

Болоња уште еднаш покажа зошто важи за хит на сезоната во Серија А откако тимот на Тијаго Мота како гостин славеше над Аталанта во Бергамо со 1-2 и се зацврсти на четвртото место на табелата.

Триумфот е уште позначаен ако се знае дека Аталанта беше тимот што делуваше подобро на теренот по првото полувреме, по што домаќините и заслужено поведоа со голот на Лукман.

Мота не беше задоволен, на паузата направи дури три измени, по што „болоњезите“ заиграа како што знаат и експресно направија пресврт, со головите што ги постигнаа Циркзе од пенал во 57. минута и Фергусон во 61. минута. Дисциплинираната одбрана беше рецептот за успех до крајот на мечот, со што „болоњезите“ стигнаа до огромни три бода во Бергамо.

Болоња се наѓа на четвртото место со 51 бода, пет помалку од третопласираниот Милан и со „плус четири“ во однос на Рома на петтата позиција.

Се вчитува...