„Болоња го изневери Михајловиќ“

Помошниот тренер на Болоња, Емилио де Лео смета дека клубот го изневери Синиша Михајловиќ на натпреварот против Удинезе. Болоња загуби со 4-0 и доживеа елиминација од Копа Италија.

„Никогаш не бараме изговори. Секако дека ни е жал поради навивачите и на нив им должиме извинување. Се слушнавме со Синиша во текот на мечот. Очекуваше да играме подобро и сигурно не беше среќен. Го изневеривме“, изјави Де Лео. 

Михајловиќ во текот на летото соопшти дека боледува од акутна леукемија. Потоа помина три циклуси хемотерапии, а му беше извршена и трансплатација на коскената срцевина.

Се вчитува...