Болоња го прескокна и Јувентус, Наполи е најслаб шампион во историјата

Болоња ја продолжи серијата фанастични игри со триумф на гостувањето против Наполи од 0-2, за уште поголемо продлабочување на кризата на екс-шампионот на Италија. Со овој триумф „болоњезите“ го прескокнаа Јувентус и моментно се наоѓаат на третото место на табелата со 67 бода, еден повеќе од „старата дама“ која има и меч помалку.

Избраниците на Тијаго Мота целата работа ја завршија во првите десетина минути, кога набрзина постигнаа два погодоци преку Ндоје и Пош. Мизеријата на „наполитанците“ беше комплетирана кон средината на првото полувреме кога беше досуден пенал за нив, но Политано не успеа да стрела прецизно. До крајот на мечот Наполи имаше повеќе од поседот, но дисциплинираниот гостински состав знаеше како да ја задржи предноста, за џиновска победа со која речиси сигурно е обезбедно и место во Лигтта на Шампионите за наредната сезона.

Наполи лани испиша историја, но поранешниот тим на Елиф Елмас сезонава се бламира, станувајќи најслаб шампион во историјата. Имено, „сино-белите“ во моментов имаат дури 42 бода помалку како бранители на трофејот во однос на новиот шампион Интер, најголема разлика меѓу поранешен и нов шампион во Калчо-лигата во последните неколку децении.

Се вчитува...