Болоња подготвува понуда за Бојан Миовски, сумата е…

Екипата на Болоња е силно заинтересирана за Бојан Миовски. Италијанскиот тим се подготвува за „ера без Циркзе“, кој најверојатно ќе биде продаден на Манчестер Јунајтед, и затоа му треба напаѓач.

Според италијанските медиуми, Болоња подготвува сума од 2 милиони евра за потписот на македонскиот голгетер. Болоња ова лето добро ќе заработи, ќе ги продаде Калафиори и Циркзе, и ќе инкасира во касата некаде околу 70 милиони евра.

Оваа сума е далеку од посакуваната која Абердин ја бара за македонскиот интернационалец, а таа е меѓу 7 и 8 милиони. Сепак, се очекува шкотскиот тим да ја спушти цената и да стигне некаде меѓу 4 и 5 милиони евра.

Во меѓувреме шкотската легенда Алан Мекоист кажа дека Абердин треба да го задржи Миовски барем уште една сезона, и потоа да го продаде по повисока цена.

Се вчитува...