Болоња во фантастичен натпревар славеше на гостувањето против Бреша со 3-4, враќајќи се од негатива од 3-1 и стигнувајќи до цел плен на оваа средба. Сепак, прославата немаше да биде комплетна без тренерот Синиша Михајловиќ, а бидејќи тој се наоѓа во клиниката во Болоња за нови третмани со хемотерапија, автобусот со фудбалерите застана токму пред болницата. Славјето траеше неполна минута пред на прозорецот од собата да се појави Михајловиќ, за да ги поздрави своите „пулени“ и да им го честита одличниот резултат.
„Газета дело спорт“ пишува дека Србинот бил бесен од нивното издание во првото полувреме и вриштел преку телефон за време на паузата, по што „болоњезите“ заиграа далеку подобро во вторите 45 минути, постигнаа три гола и го свртеа резултатот во своја полза.
Видеото од прославата на „болоњезите“ пред клиниката каде се лечи нивниот тренер можете го погледнете на овој ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА