Болт дефинитивно останува без деветтиот олимписки медал

Судот за спортска арбитража во Лозана објави дека е одбиена жалбата на спринтерот од Јамајка, Неста Картер, на позитивниот допинг тест во текот на Олимписките игри 2008 во Пекинг.

Картер беше прва измена во штафетата на Јамајка која во таа трка го урна светскиот рекорд кој изнесува 37.10 секунди.

Најновата анализа на примероците од 2016 година потврди дека Картер бил позитивен на стимулансот „метилхексанеамин“, поради што на Јамајка и е одземен златниот медал.

Одлуката на Судот го расипа совршеното олимписко постигнување на Усаин Болт, кој имаше по три златни медали во трките на 100, 200 и 4 х 100 метри на Олимписките игри во 2008, 2012 и во 2016 година.

Се вчитува...