„Бомба“ на Алиоски – Деби гол за Лидс!… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски го запиша својот прв гол во дресот на својот нов клуб, англискиот чемпионшиплигаш Лидс.

По претходните одлични настапи за Лидс и трите запишани асистенции, Алиоски конечно дојде и со гол да ги израдува навивачите на англискиот клуб. И тоа на најдобар можен начин, со вистински еврогол учествувајќи во победата од 0-2 на гостувањето против Нотингем…

Македонскиот фудбалер испраќајќи „бомба“ од 22 метри во 87. минута ги постави конечните 0-2!

Amazing Goal Alioski E (0:2) Nottingham… by ylberenexhipi

По овој триумф, Лидс со 11 бода се проби на третата позиција на табелата во Чемпионшип.

Се вчитува...