„Бомба“ на „Максимир“ – Динамо Загреб го враќа Ливаковиќ

Првиот голман на хрватската репрезентација, Доминик Ливаковиќ (30), повторно треба да биде на голот на Динамо Загреб, објавуваат хрватските медиуми.

Динамо му нуди „спас“ на Ливаковиќ, кој од неговиот трансфер од Фенербахче во Џирона оваа година, не одиграл ниту една минута за шпанскиот тим, па оттука и неговиот статус во репрезентацијата почна да се доведува во прашање.

Сепак, тренерот Златко Далиќ сè уште има голема доверба во Ливаковиќ, го користеше во секој квалификациски натпревар, но и го „предупреди“ – мора да ја најде средината каде што ќе брани и ќе ја одржи формата за Светското првенство.

Ливаковиќ не можеше да го направи тоа во Фенербахче, затоа се пресели во Џирона, но таму секогаш е во сенка на првиот голман (Газанига).

Сепак, и во лошото – добро. Фактот дека не одигра ниту една минута за Каталонците е најдоброто нешто што можеше да му се случи во овој лош момент од неговата кариера. Имено, токму поради тој факт, тој може да ја прекине соработката со Џирона во јануари и може да избере друг клуб за позајмица.

Негова втора опција, барем на хартија, беше Фенербахче, но тој нема што да бара таму бидејќи нема место на голот.

Оттука, Динамо се појави како совршена опција за Ливаковиќ, а во исто време, голман од негов калибар сега му е потребен на хрватскиот вицешампион, кој во последно време е успешен на двата фронта.

Ливаковиќ претходно го носеше дресот на Динамо седум години (2016-2023).

Се вчитува...