„Бомба“ на „Маракана“: Коларов пред потпис со Црвена Звезда

Долгогодишниот српски репрезентативец Александар Коларов би требало да биде „бомбата“ на управата на Црвена Звезда во летниот преоден рок, најавуваат српските медиуми.

Коларов се наоѓа во немилост на тренерот Антонио Конте во Интер и веќе му е ставено до знаење дека летово ќе треба да си замине, а од неколкуте понуди на маса српскиот дефанзивец најсериозно ја разгледува онаа на белградските „црвено-бели“. Одредени медиуми тврдат дека веќе е постигнат и договор, оакако Коларов ја прифатил понудата за „една плус една сезона“, за плата од огромни 600.000 евра годишно.

„Црвено-белите“ најавуваат неколку звучни засилувања за српскиот првак повторно да се пласира во групната фаза од Лигата на Шампионите, но и да ја продолжи доминацијата на домашната фудбалска сцена.

Се вчитува...