Бомба од Англија – Веќе е се договорено… Роналдо се враќа на „Олд Трафорд“

Кристијано Роналдо е пред голем кам-бек на „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми. Португалецот би се вратил во Манчестер како дел од трампата за Пол Погба кој би требало да замине во Јувентус.

Според англиските медиуми од италијанскиот шампион немаат ништо против околу ваква размена бидејќи Французинот е далеку помлад и има уште многу добри години пред него, за разлика од Кристијано Роналдо кој е веќе на крајот на кариерата.

Медиумите во Англија пренесуваат дека желба на Португалецот е да се врати во тимот во кој се прослави и дека преговорите меѓу двата тима се веќе почнати.

Се вчитува...