„Бомба“ од Битола: Мандалиниќ потпиша за Пелистер

Стипе Мандалиниќ е „бомбата“ што Пелистер ја детонираше во овој преоден рок, откако битолскиот клуб успеа да го ангажира одличниот хрватски бек како мегазасилување за наредната сезона.

Одличниот бек минатиот месец доби раскин на договорот со Фуксе Берлин како „жртва“ на корона-кризата и намалениот буџет на бундеслигашот, но јасно беше дека Мандалиниќ нема да остане долго без ангажман. Десетина клубови испратија понуди за негов ангажман, но „бомбардерот“ роден во Сплит на крајот ја избра Битола за следна дестинација во кариерата.

Пред Бундес-лигата овој ракометар со голем успех настапуваше за Загреб.

Се вчитува...