„Бомба“ од Босфорот: Бешикташ тргнува по Душан Влаховиќ

Нема крај на „сапуницата“ наречена Душан Влаховиќ. Србинот во изминатиот период се поврзуваше со многу клубови. Од Реал Мадрид и Барселона, до Манчестер Јунјатед и Ливерпул, па останува и не останува во Јувентус, потоа Милан, и на крајот ништо од сето тоа.

Србинот е на цена и покрај разочарувачката сезона, а сега во приказната се појавува Бешикташ. Новиот тренер Винченцо Италијано добро го познава Влаховиќ од времето кога му беше тренер во Фиорентина.

Токму Италијано му даде шанса во Фиренца, тој имаше полусезона за паметење, по кој следуваше трансфер во Јувентус. Сега повторно би можел да се пресели кај омилениот тренер.

Според информациите, Италијано ќе тргне по услугите на Влаховиќ, само прашање е дали ќе може да ги задоволи неговите услови за плата, со оглед дека неколкупати тоа беше пречката за нов договор со Јувентус, со оглед дека Србинот не се согласуваше на намалување на примањата.

Се вчитува...