„Бомба“ од Германија: Мурињо го презема гигантот

„Билд“ донесува голема приказна околу идниот ангажман на Жозе Мурињо. Откако остана без работа и доби отказ од Рома, „Специјалниот“ се поврзуваше со неколку клубови, но засега и натаму е без ангажман.

Меѓутоа сега германските медиуми пишуваат дека Мурињо има цел да го презеде германскиот гигант Баерн Минхен. Јасно е дека клупата на Томас Тухел е раздрмана, особено после поразот од Баер Леверкузен, а евентуален неуспех во Лигата на шампионите, ќе значи и крај на мандатот на Тухел во Баерн, па местото би останало испразнето.

„Мурињо е одлучен да го презеде Баерн. Слушнав дека учи германски јазик. Подготвен чека“, тврди Кристијан Фалк, новинарот на „Билд“.

Ако се случи ова, тогаш би бил прв ангажман на Португалецот во Германија, откако работеше во Шпанија, Италија и Англија.

Се вчитува...