Бомба од Италија: Буфон кариерата ја продолжува во Ливерпул!?

Џанлуиџи Буфон сеуште не соопштил дали на крајот од сезоната ќе ја заврши својата богата кариера или и натаму ќе остане меѓу диреците.

Пред неколку месеци истакна дека ова му е последна сезона во Јувентус, но не откри дали имаше шанси на друго место да ја продолжи кариерата. Италијанскиот голман закажан вонредна прес-конференција во текот на денешниот ден на која ќе ги соопшти своите идни планови.

Но, секако, тоа не ги запре италијанските медиуми да продолжат со шпекулациите за 40-годишниот голман. Па, веќе се појави информација, која шокираше многумина, дека Буфон кариерата ќе ја продолжи во Англија.

Наводно, интерес за Буфон веќе најавил Ливерпул кој е подготвен да му понуди договор за една година. Евентуален трансфер во Ливерпул треба да биде една од темите и на денешната средба на Буфон со медиумите.

Се вчитува...