„Бомба“ од Италија: Интер тргнува по Лео Меси

Кристијано Роналдо дојде во Јувентус, а Интер подготвува соодветен одговор – ангажман на Лионел Меси од Барселона. Ова е „бомбата“ што се појави на денешната насловна страница на весникот „Тутоспорт“, кој тврди дека „нероаѕурите“ ќе сторат се за да го убедат Меси да им се приклучи на „Џузепе Меаца“ за создавање на нов дрим-тим во Милано.

Интер во моментов се мачи со задоволување на критериумите за финансиски ферплеј, поради што речиси невозможно е мегатрансферот да биде реализиран во текот на летово. Сепак, „нероаѕурите“ сакаат уште во овој преоден рок да почнат со лобирање, се со цел во блиска иднина да тргнат во тотална офанзива за да ја доведат мегаѕвездата на Барселона на Апенинскиот полуостров.

Кинеските газди сигурно нема да жалат пари за име како Меси, со мегатрансферот би се привлекле и дополнителни спонзори, но потешкиот дел од задачата ќе биде да се убеди Меси да си замине од „Камп ноу“.

Се вчитува...