„Бомба“ од Италија: Милан тргнува по Енис Барди!?

По вчерашната вест дека Енис Барди би можел да ја продолжи кариерата во Реал Сосиедад, денеска стигна информација дека италијанскиот гигант Милан подготвува понуда во јануари за македонскиот интернационалец.

„Росонерите“ наводно со 5 милиони евра ќе тргнат по услугите на фудбалерот од средниот ред кој во јуни може да си замине како слободен агент, додека, пак, шпанците брифираат дека Леванте барал 9 милиони.

Информациите велат дека меѓу заинтересираните е и Торино, а има интерес и од Олимпик Марсеј, но Милан веќе подготвува понуда која деновиве ќе ја испрати до Леванте. А, тимот од Валенсија има шанса да заработи нешто за Барди, со оглед дека во јуни тој може да си замине како слободен фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...