Бомба од НБА – Јанис му се придружува на Дончиќ во Далас?

Најкорисниот кошаркар во НБА во последните две сезони, Јанис Адетокумбо би можел да премине во редовите на Далас Маверикс, пренесуваат американските медиуми. Тој на крајот на следната сезона ќе биде слободен агент, доколку во текот на следниот период не потпише нов максимален договор со Бакс.

„Маверикс ќе бидат првите во редот, доколку Јанис се одлучи да го напушти Милвоки. Кјубан го сака Јанис во тимот. Тој едноставно сака да го спои Гркот со Лука Дончиќ како би ја нападнал титулата во НБА“, пренесуваат американските медиуми. 

Иако последните две сезони Милвоки беше тимот со најдобар скор во регуларниот дел од сезоната, Бакс не успеаја да стигнат ниту до финалето. Лани во финалето на Источната конференција беше елиминиран од Торонто Репторс, а годинава настапот го завршија уште во конференциското полуфинале каде беа елиминирани од Мајами Хит.

Се вчитува...