„Бомба“ од ракометна Европа: Чави Пасквал ја напушта Барселона

Ракометнот гигант Барселона во следната сезона ќе има нов тренер откако Чави Пасквал соопштил дека нема да седи на клупата на каталонскиот тим во наредната сезона.

Трофејниот стручњак имаше договор до јуни 2022 година, но сепак донесе одлука да си замине од клубот на чија клупа седеше уште од 2009 година, кога на тренерската функција го наследи Маноло Кадењас. Tој освои над 50 трофеи со Барселона, има и две титули во Лигата на Шампионите, во 2011 и во 2015 година, но како главен „грев“ му се земаат неуспесите на Ф4 во Келн во последните неколку сезони.

Барса има најдобар тим „на хартија“, но не успева тоа да го претвори и во европска доминација, што е главната причина поради која новиот претседател Лапорта изразил желба ракометниот проект да го продолжи со нов стратег. На Пасквал јасно му било до знаење дека нема да му биде продолжен актуелниот договор, по што тој самиот решил да си замине една година порано од очекуваното.

Се вчитува...