„Бомба“ од Шпанија: Жељко Обрадовиќ на „мета“ на Барселона!?

Барселона од идната сезона би можел да го има Жељко Обрадовиќ на клупата. Ова е веста која ја пренесоа неколку шпански медиуми во текот на денот.

Искусниот Србин во моментов е без ангажман, а и Барселона посакува сериозно име на тренерската клупа, па се разгледува опцијата за најтрофејниот тренер во историјата на Евролигата.

Обрадовиќ во минатото беше дел од Реал Мадрид, па сега овој трансфер сигурно би предизвикал сериозни потреси во Шпанија но и во Европа.

Обрадовиќ е без ангажман откако го напушти Партизан, а беше во опција и за Панатинаикос, но Ергин Атман „преживеа“ на клупата на „зелено-белите“.

Се вчитува...