Бомба од Србија – Ана Ивановиќ му се враќа на тенисот!

Една од најубавите тенисерки на сите времиња, Србинката Ана Ивановиќ по пауза од пет години ќе му се врати на тенисот. Поранешната прва тенисерка во светот би требало да настапи на ВТА турнирот во Белград. Турнирот почнува на 16. мај, а директорот Ѓорѓе Ѓоковиќ потврди дека големо изненадување ќе биде кам-бекот на Ивановиќ.

Ана Ивановиќ кариерата ја заврши во 2016 година, а во моментов ужива во брачниот живот со својот партнер Бастијан Швајнштајгер со кого имаат две деца. Најголемиот успех во кариерата Ивановиќ го имаше во 2008 година кога го освои Ролан Гарос.

Се вчитува...