Шкендија е елиминирана од Лигата на Европа, а бесот ќе го истури на Вардар. Најдобриот напаѓач на вардарци, Тигран Барсегјан, ќе се пресели во Тетово и ќе потпише договор со лутиот ривал, дознава ЕКИПА.
Барсегјан ги договорил сите детали со раководството на Шкендија, а вечерва беше забележан и во ложата како го следи мечот на својот иден клуб. Вардар одамна не е веќе финансиски моќен, се очекува Сергеј Самсоненко и дефинитивно да го врати клубот на Град Скопје, а фудбалерите си го бараат чарето…Барсегјан во самиот финиш на летниот преоден рок треба да потпише договор со Шкендија и да биде најголемото засилување во обидот за одбрана на двојната круна на домашната сцена.
Според најавите, Барсегјан уште во текот на утрешниот ден би требало да ја има својата промоција во дресот на Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА