„Бомба“ во 94. минута за славје на Астана (видео)

Првиот денешен натпревар од квалификациите за ЛШ донесе огромни возбудувања, откако Астана со гол во 94. минута го совлада Митјиланд. И тоа не било каков погодок, туку вистинско ремек-дело на Ласло Клајнхајслер, кој со „бомба“ од над 25 метри ги крена на нозе сите присутни на стадионот, за минимална предност пред реваншот во Данска.

Се вчитува...