Бомба во најава: Стеф Кари од 2022 во ЛА Лејкерс

Долгогодишните противници, Стеф Кари и Леброн Џејмс за прв пат заиграа заедно на овогодишниот Олстар натпревар во Атланта, а нивната хемија на паркетот беше топ тема во американските медиуми. Овие два кошаркари повторно се сретнаа изминатата вечер, па повторно се одрази и меѓусебната почит, а со тоа се продлабочија и шпекулациите кои сега најавија вистинска бомба.

Имено, во центарот на вниманието на медиумите „преку барата“ е 2022 година кога предводникот на Голден Стејт станува слободен агент, а голема е веројатноста дека трикратниот НБА шампион ќе ја продолжи својата блескава кариера во Лос Анџелес, „рамо до рамо“ со Леброн Џејмс.

„Ја видовме целата радост. Ги видовме како се смеат на Олстарт натпреварот, ја видовме хемијата. Во моментов не можеш да кажеш ништо со сигурност во НБА“ – изјави Кендрик Перкингс на ‘The Jump’ подкастот.

Џејмс кој е на „залез“ на неговата кариера во сезоната 2022/23 ќе има 38 години и сигурно нема да биде на нивото на кое игра ден денеска, па нема да биде изненадување доколку Лејкерс во своите редови го донесат Кари, кој заедно со Ентони Дејвис би го формирал новото „убиствено дуо“.

Се вчитува...