„Бомба“ во тенисот: Синер суспендиран на три месеци за допинг!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер, светскиот број еден денеска официјално е казнет со суспензија за настап во следните три месеци поради позитивните допинг тестови по турнирот Индијан Велс минатиот март.

И покрај тоа што исходот од жалбта на Светската антидопинг агенција (ВАДА) се очекуваше во средината на месец април, организацијата извршила притисок постапката да продолжи под услов Синер да добие три месечна суспензија.

Одлуката стапува во сила од 9. февруари и важи до 4. март што значи дека Италијанецот нема да може да настапи во Доха, Индијан Велс, Мајами, Монте Карло и Мадрид, но ќе биде подготвен за Рим, Ролан Гарос, итн…

Се вчитува...