Бомбастични најави од Турција: Бешикташ го сака Енис Барди!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е можна трансферна цел на турскиот гигант Бешикташ.

Како што пренесуваат дел од турските медиуми, Бешикташ веќе активирал првични разговоро за евентуален трансфер на Барди од Леванте во Бешикташ. Според информациите, иако откупната клаузула за Барди изнесува 25 милиони евра, целта е договор со шпанскиот прволигаш за поприфатлива сума за која би го ослободил македонскиот репрезентативец.

Интересно, претходно турските медиуми пренесуваа дека Барди, кој зад себе остави одлична сезона во шпанската Примера, е мета и на новиот турски суперлигаш Ерзурумспор.

Се вчитува...