„Бомбата“ на Н’Зонзи за спас на Севилја: Драма во битката за Европа… (ВИДЕО)

Повеќе од возбудлив натпревар во битката за 6. место во Примера кое носи настап во Лигата на Европа следната сезона одиграа Севилја и Вилјареал на „Санчез Пискуан“.

Севилја се спаси од пораз благодарение на „бомбата“ на Н’Зонзи во 82. минута за конечни 2-2.

Претходно гостите имаа предност од 0-2 со головите на Раба во 36. минута и Бака во 68. минута. Првиот гол за домашните за 1-2 го постигна Нилито во 78. минута.

Мечот со многу тензија го одбележаа и двата црвени картони, по еден на двете страни. Со бодот Виљареал остана на посакуваното 6. место со 48 бода, додека Севилја е на седмата позиција со бод помалку.

Се вчитува...