Бонавентура ќе мора на операција на коленото

Италијанскиот калчолигаш Милан ќе остане подолг период без еден од најдобрите фудбалери, Џакомо Бонавентура. Тој ќе мора да замине на операција на левото колено, за да ја санира повредата што ја заработи на 21 октомври, на градското дерби против Интер.

Лекарскиот тим на „росонерите“ процени дека хируршкиот зафат е неминовност, откако стана јасно дека повредата нема да може да се санира најдобро со мирување. За тоа би биле потребни околу три месеци, но и тогаш нема гаранција дека играчот за врска на Милан не би ги имал истите здравствени проблеми во иднина. Токму затоа, препораката е Бонавентура да замине на операција и во таков случај неговото враќање на фудбалските терени се предвидува дека ќе се случи во март идната година.

Се вчитува...