Боњек: Против Летонците игравме со 40% од силите, со Македонија ќе одиме максимално

Полска е лидер во квалификациската група, ја победи Летонија на гости со 0-3, но фудбалската јавност и фановите не се задоволни од играта на националниот тим. Анализите покажуваат дека Полјаците немаат хемија во тимот, дека играта е стихијна и се базира на индивидуалните квалитети на одредени фудбалери, пред се на Левандовски и на Зиелински.

Првиот човек на полскиот фудбал, Збигњев Боњек, поранешното прославено име во европски рамки, се обидува да ја смири ситуацијата пред утрешниот важен меч со Македонија.

„Понекогаш мислам дека никој не е со нас, иако сме првопласирани во групата. Не знам зошто толку големо незадоволство. Против Летонците игравме со 40% од силите и повторно победивме убедливо, со 0-3. Се чуваа дел од силите и за следниот меч против Македонија, кој е и многу поважен. Мислам дека сега ќе видиме едно сосема поинакво издание на Полска“, изјави Збигњев Боњек.

 

Се вчитува...