Бонучи бесен на Милан, следи ли трансфер во Манчестер јунајтед?

Леонардо Бонучи минатото лето го напушти шампионот Јувентус за трансфер во Милан верувајќи во проектот на кинеските газди на клубот, кои најавуваа дека „росонерите“ за неколку години повторно ќе атакуваат на врвот на италијанскиот фудбал.

Сезоната беше разочарувачка, а згора на тоа Милан вчера беше казнет од УЕФА со едногодишна забрана за настап во европските купови, одлука од која меѓу најпогодените беше токму Бонучи, кој според последните информации сега е решен да си замине од „Сан Сиро“.

Тој очекуваше настапи со Милан во ЛШ, беше согласен да остане иако беше обезбедено само учество во Лигата на Европа, но по казната УЕФА и дефанзивецот го променил својот став. Како што јавуваат италијанските медиуми, тој веќе му порачал на својот агент да почне да прибира понуди, а се очекува во преден план да биде Манчестер јунајтед. Жозе Мурињо се обидуваше да дојде до Бонучи додека овој настапуваше за Јувентус, испрати понуда и на крајот од мај, но тогаш Италијанецот ја одби со порака дека не сака по само една година да го напушти Милан.

Сепак, сега ситуацијата е поразлична, па самииот Бонучи е подготвен за сериозни разговори за трансфер во Премиер-лигата. Мурињо веќе привремено ги стопираше преговорите со Алдервирелд од Тотенхем, па доколку успее да го убеди Бонучи тогаш дефинитивно ќе се откаже од белгискиот ас.

Се вчитува...