Бонучи доби понуда што не се одбива, си оди од Милан?

Леонардо Бонучи лани приреди големо изненадување селејќи се од Јувентус во Милан, но искусниот дефанзивец би можел повторно да ги промени клупските бои по понудата што ја доби од англиската Премиер-лига.

Жозе Мурињо има исклучително високо мислење за 31-годишниот италијански дефанзивец и веќе почнал разговори за да го доведе во Манчестер јунајтед. „Специјалниот“ планира дополнително да ја засили одбраната за наредната сезона, Бонучи делува како идеално решение, па веќе му е подготвена и понуда од седум милиони евра по сезона, за наредните четири години.

Милан сигурно нема да сака така лесно да се раздели од својот капитен, но со оглед на финансиските проблеми „росонерите“ со понуда од 50 милиони евра би можеле да бидат принудени на продажба, за да ги задоволат условите на финансиски фер-плеј пропишани од УЕФА.

Бонучи во минатото ги одбиваше Челси и Реал Мадрид додека настапуваше за Јувентус, па останува да се види каква лојалност ќе покаже сега кон Милан.

Се вчитува...