Бонучи го одбил Манчестер Сити, верен е на Јувентус

Капитенот на Јувентус, Леонардо Бонучи, веднаш ја одбил понудата на Манчестер Сити за да се пресели во Премиер – лигата. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, сака да доведе нов елитен дефанзивец, се обидел да стигне до потписот на Бонучи, но дефанзивецот на „старата дама“ се заблагодарил и порачал дека ќе остане во Јувентус.

Гвардиола го купи Натан Аке од Борнмут, но сака да ја засили одбраната со уште еден квалитетен фудбалер и ќе се насочи кон Милан Шкриниар, иако е во сериозни преговори и со Калиду Кулибали.

Бонучи имаше еден излет во Милан, но брзо се врати во Јувентус и веќе нема намера да го напушта Торино.

Се вчитува...