Бонучи го олади Мурињо: Мојата иднина е во Милан

Жозе Мурињо секое лето носи нов дефанзивец во своите тимови, но овојпат нема да се исполни желбата на „специјалниот“, на „Олд трафорд“ да биде ангажиран италијанскиот ас Леонардо Бонучи. Причината е јасна – убеденоста на овој одличен одбранбен фудбалер дека ланскиот трансфер од Јувентус во Милан е вистинскиот чекор и желбата да остане на „Сан Сиро“.

„Свесен сум за новите шпекулации за мојата иднина и искрено би сакал да исчезнат бидејќи во нив нема ниту ронка вистина. Јас лани дојдов во Милан како предводник на еден проект, ништо не е променето, мојата иднина се уште е како дел од оваа екипа. Целта е јасна – да се обезбеди влез во ЛШ, па потоа да се атакува на уште поголеми дострели“ – изјави Бонучи.

По ваквиот став на италијанскиот репрезентативец, за очекување е Мурињо целосно своето внимание да го насочи кон Алдервирелд од Тотенхем, кој е достапен за сума од околу 40 милиони фунти.

Се вчитува...