Бонучи: Јуве е најсилен кога има пречки пред себе

Јувентус ја потврди својата моќ откако и со играч помалку успеа да слави на гостувањето против Валенсија со 0-2. И без помошта на Кристијан Роналдо „старата дама“ одигра одлично, со двата гола од пенал на Пјаниќ стигна до цел плен на жешкиот терен на „Месталја“.

„Покажавме дека сме тим, дека сме голем тим, на најдобар начин одговарајќи на проблемите со кои се соочивме. Јувентус е најсилен кога има пречки пред себе, дојдовме до триумф со кој значително си ја олеснуваме задачата за натамошниот дел од групната фаза“ – порача Леонардо Бонучи.

Одличниот дефанзивец истакна и дека судијата направил грешка кога го исклучил Кристијано Роналдо.

„Колку што можев да видам, тоа беше обичен судир. Мурилјо ги имаше рацете околу Роналдо, Кристијано реагираше, но ваквите работи се случуваат. Секако, Роналдо беше бесен, судијата го видел она што го видел – мислам дека не видел најдобро, но најважно од се е што ние ги надминавме пречките и дури и со играч помалку стигнавме до победа“ – задоволен е Бонучи.

Се вчитува...