Бонучи: Немаше да славам, но свирежите во Торино ме премислија

Леонардо Бонучи синоќа за првпат се врати во Торино по напуштањето на Јувентус и беше пречекан како смртен непријател на стадионот „Алијанц“. Тој сега ја носи капитенската лента на Милан и беше во една од главните улоги на вчерашниот дуел. Бонучи го постигна единствениот гол за „росонерите“, а потоа и истрча да го прослави со фановите на Милан. Вели дека првично нема таква намера, но…

„Немаше да славам во Торино, но се премислив откако имаше големи свирежи од фановите на Јувентус. Мислам дека тоа не го заслужив, затоа што седум години играв со срце за овој клуб. Тогаш го сменив мислењето, за мене секако беше емотивно ова враќање во Торино. Се пошегував и со поранешните соиграчи. Им реков, во ред, рекордот на Јувентус (979 минути без примен гол) е и мој, но денеска ќе се тресе мрежата. И токму јас го совладав Буфон. Што се однесува до Милан, имаме неколку млади играчи кои мора да созреат за да успееме да триумфираме и во ваков дерби меч“, изјави Леонардо Бонучи.

Се вчитува...