Бонучи разочаран од Милан, си заминува во јануари?

Италијанскиот репрезентативец Леонардо Бонучи во летниот преоден рок дојде во Милан како огромно засилување од редовите на актуелниот првак Јувентус, но би можел да си замине од „Сан Сиро“ само по шест месеци. Тој е разочаран од проектот на „росонерите“, беше најавувано дека тимот ќе се бори за шампионската титула, но тоа ниту од далеку нема да биде реализирано. Токму затоа Бонучи ги разгледува опциите за заминување веќе во претстојниот зимски преоден рок.

Милан, сепак, ги демантира овие шпекулации во италијанските медиуми.

„Бонучи сакал да си замине поради интересот на другите клубови? Ова се невистинити информации. Тој е капитен на Милан и го информираше раководството дека ќе остане и ќе се бори за тимот да ги подобри сегашните резултати“, истакна Милан преку соопштение.

Манчестер сити и Реал Мадрид ја следат ситуацијата, а секако дека интерес ќе постои и од ПСЖ и Манчестер јунајтед, клубови кои секогаш сакаат да го добијат најдоброто на трансфер-пазарот. Милан плати 40 милиони евра за да го доведе Бонучи од Јувентус, и сигурно дека ќе сака да си ја врати инвестицијата, па и да заработи, со оглед дека дефанзивецот има договор до 2022 година.

Се вчитува...