Бонучи за тешките моменти: Беше хорор… Ме навредуваа дури и деца од 12 години

Еден од најдобрите светски дефанзивци, Леонардо Бонучи изминатово лето по само една сезона во Милан се врати во Јувентус.

Поради лошите одности со управата и тренерот Алегри, искусниот фудбалер се одлучи кариерата да ја продолжи во лутиот ривал што предизвика голем шок меѓу навивачите на Јувентус. Но, многу брзо се премисли… Иако се врати во Јувентус, од миленик стана најомразена личност меѓу навивачите кои не му го простија тој, за нив, срамен чин.

Среќен е Бонучи што доби можност по само една сезона да се врати во Јувентус, а неговиот трансфер во Милан како што сега вели е само последица на лошо согледување на нештата.

„Се се случи по искуството со мојот син Матео и неговата болест. Беше тоа тешка година, се се сврте против мене, имав чувство дека нешто ми недостасува. Тогаш сфатив дека во моментот на трансферот во Милан не бев баш со чиста глава“ – вели Бонучи и дополнува:

„За таа сезона во Милан навистина созреав, и сега ми е мило што повторно сум во дресот на Јувентус“.

Притоа Бонучи открива дека трпел и бројни навреди…

„Жал ми е што навивачите ме навредуваа. Но, жал ми е што добивав навреди и од 12-13 годишни дечиња. Зарем е можно тоа да го предизвика само еден трансфер?“ – вели Бонучи, кој само да се врати во Јуве побарал многу помала плата, притоа веќе не помислувајќи и на капитенската лента.

Се вчитува...