Бонусите во договорот на Балотели: Само еден милион евра се загарантирани

Марио Балотели изненади многумина со одлуката летово од бројните понуди да ја избере токму онаа на Бреша. Желбата да заигра за клубот од родниот град е една работа, но „Супер Марио“ се реши за значително намалување на платата во однос на она што го заработуваше во Олимпик Марсеј пред да се врати во татковината.

Барем официјално, неговата плата ќе изнесува само еден милион евра годишно, но весникот „Кориере дела сера“ обелодени и тајни клаузули кои би можеле да му обезбедат на Балотели четирикратно повеќе пари во Бреша.

Имено, покрај загарантираната плата од еден милион евра, Балотели би добил уште 1,5 милиони евра доколку постигна 15 гола сезонава и уште 1,5 милион ако Бреша обезбеди опстанок. Не станува збор за ништо невозможно, тој веќе го постигна првиот гол за новиот тим, на гостувањето против Наполи.

Се вчитува...