Борачот Нуров донесе бронза од СП на Македонија

Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров одличниот настап на СП во Казахстан го круниса со освојување на медал.

Откако со самиот пласман во „малото финале“ Нуров обезбеди и олимписка норма за ОИ во Токио, тој попладнево во битката за бронзениот медал славеше над Алишер со 8-5, апсолутно заслужено искачувајќи се на подиумот со лауреатите за категоријата до 97 килограми.

Се вчитува...