Фудбалерите на Баерн Минхен, Леон Горецка и Џошуа Кимих стартуваа со акција за собирање на средства за луѓето кои се најпогодени од пандемијата на коронавирусот.
Двоецот на германскиот тим го стартуваа проектот „WeKickCorona“ и донираа еден милион евра во борбата против коронавирусот кој веќе зеде повеќе од 10.000 жртви низ целиот свет.
„Коронавирусот може да го победиме само како тим. Сакаме да и помогнеме на цела Германија. Свесни сме за фактот дека оваа наша обврска може да даде мал придонес. Сите можат да помогнат. Само доколку бидеме заедно како општество, заедница, и покажеме разум и одговорност и се грижиме едни за други, можеме да излеземе од оваа криза. Без разлика дали станува збор за дела, гестови или финансиски средства, секоја помош во ова време е златна“ – изјави Кимих.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА