НБА лигата по пауза од четири и пол месеци се враќа вечерва и тоа ни повеќе ни помалку туку со мечот помеѓу градските ривали од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс. За првпат во историјата помалку славниот тим од „градот на ангелите“ според аналитичарите е прв фаворит за освојување на трофејот, но со тоа сигурно нема да се сложат фановите на „златно-виолетовите“ поради тоа што првпат по 2010 година се надеваат на трофејот, кој го сметаат за нивна сопственост.
Леброн Џејмс прво жртвуваше цел тим за да го донесе Ентони Дејвис кој во моментов е меѓу топ 3 високи играчи во лигата, а во паузата поради пандемијата од коронавирусот ги доведе и старите пријатели ЏР Смит и Дион Вејтерс, кои нивната форма знае да осцилира од решавање на седми меч во финале, до натпревари со 0-15 шут.
Од друга страна Клиперс кои од клупата се предводени од Док Риверс, кој знае како се победува Лејкерс во големи натпревари, откако во 2008 со Бостон го совладаа најголемиот фаворит во финалната серија, тим кој го засили со Кавај Ленард и Пол Џорџ има големи шанси конечно да го земе приматот најдобар во Лос Анџелес.
НБА лудилото продолжува со дуелот меѓу Њу Орлеанс и Јута кој е триесет минути по полноќ, додека дербито на ЛА почнува во 3:30 по полноќ. Едно е сигурно. По четири и пол месеци вечерва нема спиење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА