Башкими и Вардар одиграа без голови во дербито на 8. коло кое се одигра во Куманово. Двата тима одиграа борбено, цврсто, со многу дуели, многу прекршоци, неколку шанси и во главна улога одбраните на двата тима.
Во вториот дел се случи и инцидент кога еден од гледачите од трибината падна на теренот во Куманово, и се повреди, по што следуваше интервенција и од амбулантното возило.
Првата шанса гледачите во Куманово ја видоа во 30. минута кога обидот на Омерагиќ заврши само над голот. Најдобрата шанса за домашните и воопшто на мечот се случи во 40. минута од натпреварот, кога по еден противнапад Симоновски се најде сам пред голот на Талески, но голманот на Вардар одлично одбрани.
Во второто полувреме не се случуваше ништо се до самиот финиш. Во 86. минута еден опасен центаршут на Башкими од левата страна кратко го одби Талески и одбраната на Вардар ја расчисти опасноста. На другата страна во 88. минута Талевски се најде во шанса, шутираше од мртов агол, Јашар успеа да одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

