Истакнатиот македонски фудбалски стратег Борче Христов е именуван за нов шеф на стручниот штаб на кавадаречки Тиквеш.
По разделбата со Ѓорѓи Мојсов, од кавадаречкиот прволигаш се одлучија довербата на клупата на тимот да ја доделат на искусниот стратег чиј последен ангажман минатата сезона беше во азербејџанскиот прволигаш Зира.
Покрај во Зира, 55-годишниот Христов претходно во својата кариера беше тренер и на Шкендија, Македонија ЃП, Еуромилк ГЛ, Борец и Работнички во македонскиот шампионат, како и во азербејџански Карабах. Беше и спортски директор на академијата на Вардар, како и дел од Одделот за фудбалски развој при Фудбалската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

