Борче Христов го напушти Борец, негов наследник Јане Николоски

Борче Христов веќе не е тренер на македонскиот фудбалски прволигаш Борец. Тренерот кој седна на клупата на велешкиот прволигаш на почетокот на годинава, по вчерашниот пораз од Струга Трим и Лум во осминафиналето на купот на Македонија реши да замине од клубот.

Христов откако го презеде клубот на почетокот на годинава, успеа да обезбеди опстанок минатата сезона, а во новиот шампионат Борец е десетти со осум бода. Наследник на Христов на клупата на велешкиот тим ќе биде Јане Николоски, кој последниот ангажман го имаше во Победа во 2019 година.

Во следното коло Борец в недела на домашен терен ќе ја пречека Академија Пандев.

 

 

Се вчитува...