Бордо го најде чарето за ПСЖ, им кажа ’стоп’ на „светците“

Францускиот првак Пари Сен Жермен броеше до 14 победи од стартот на шампионатот, но се најде тим што ќе успее да ја сопре победничката низа на „светците“. Бордо, дури во 15.коло, успеа да одигра 2-2 против составот на Томас Тухел.

Нејмар го доведе ПСЖ во водство во 34.минута, а Бордо покажа дека може да им ја отежни работата на гостите со голот на Џими Брианд на стартот на второто полувреме. Килијан Мбапе повторно донесе предност за парискиот клуб, но Корнелиус погоди во 84.минута за реми (2-2) и крај на победничката серија на Пари Сен Жермен.

Се вчитува...