Францускиот прволигаш Бордо одлучи да се раздели со тренерот Рикардо Гомеш. Тој дојде на кормилото по заминувањето на Густаво Појет, пред околу пет месеци, но не успеа да го стабилизира тимот. Бордо се наоѓа на 13.позиција во шампионатот, а тоа не го задоволува амбициите на раководството.
Изминатиот викенд „жирондинците“ загубија на гостувањето кај Нант, што се покажа кобно за Гомеш. Тој е десеттиот тренер кој си заминува од клубот во последните девет години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА