Борец и Гостивар во баражот на 30.мај …, подобриот против Победа на 3. јуни

Второпласираните екипи од двете второлигашки конкуренции, Борец и Гостивар меѓусебната пресметка од баражот за пополнување на Првата лига ќе ја одиграат на 30. мај од 16:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, одлучи ФФМ.

Подобриот од оваа пресметка потоа ќе го игра вториот бараж натпревар против прилепска Победа на 3. јуни од 16:30 часот на стадионот „Младост“ во Струмица. Победникот од втората бараж пресметка следната сезона ќе игра во Првата македонска фудбалска лига.

Се вчитува...