Борец и Кожуф сигурни, Лабуништа ремизираше против Генч Калемлер

Борец Велес ја запуша и десеттата победа сезонава во Втората лига – Исток славејќи во 12. коло со 2-0 против Партизан Обршани.

Стрелец на двата гола за Борец беше Симеон Христов во 6. и во 83. минута од пенал со што велешани дополнително се зацврстија на врвот од табелата на Истокот.

Во вториот натпревар во оваа конкуренција, Кожуф убедливо со 4-0 славеше против Каменица Саса. Стрелци за гевгеличани беа Танов, Зумровски и Ристовски во два наврати.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Во Втората лига – Запад се одигра првиот натпревар од 13. коло во кој лидерот Лабуништа ремизираше без голови на гостувањето против Генч Калемлер во Гостивар. Лабуништа и натаму е лидер на табелата со 24 бода, два повеќе од второпласираниот Струга Трим Лум.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...